Брестовац избриша уште едно име

Македонската репрезентација утре ќе ја напушти базата во Словенија  и заминува за Виена, каде што ќе има тренинг, а задутре почнува со официјалниот дел на натпреварување. 

Селекторот Данило Брестовац откако ги доби лошите вести за неможноста Велко Маркоски да настапи на ЕП, му пресотана да се откаже од услугите само на уште еден играч од 19-те колку што беа во Словенија. 

Изборот падна на Ненад Костески. Младото крило на ППД Загреб е голем потенцијал и веројатно многу брзо ќе го гледаме во националниот тим како стандарден, но во моментов Гоце Георгиевски и Мартин Поповски имаат предност. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk