Штета, Велко Маркоски го пропушта ЕП

Македонскиот репрезентативец Велко Маркоски нема навреме да се рехабилитира за да настапи во Прелиминарната фаза од Европското првенство. 

Откако му беа извршени прегледи во Љубљана по кои докторите одредија двонеделна пауза, тој се врати во Скопје каде што одовно беше на прегледи во реномирани клиники и од каде доби и прво и второ мислење. 

Докторските извештаи се исти. Две до три недели пауза.

Со ова пропаѓа можноста Велко Маркоски да настапи во првата фаза од првенството, додека се уште има теоретска шанса да игра на некој од натпреварите од главната рунда доколку Македонија се пласира. 

Штета, одбраната сега ќе мора одново да се штелува по поинаков терк и други играчи да добиваат задолжение за покривање на позицијата број два што Велко Маркоски ја покриваше на последните контролни натпревари. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk