Деблокирана сметката на Металург!

Нови ветришта дуваат во „Автокоманда“ и носат надеж дека Металург одново ќе го видиме на старите патеки наскоро. 
Актуелната клупска управа како приоритет во 2020 го постави решавањето на проблемот што настана во 2014 година кога преку ноќ се растури екипата што успеваше за помалку од 10 минути да ја распродаде арената „Борис Трајковски“. 
Од тој момент се таложеа долгови, не се решаваше проблемот, клубот виде големи маки, едвај функционираше, сметката беше блокирана, ракометарите разочарни и неисплатени, но тоа е веќе треба да биде затворено како поглавје од грдо минато.  

Веќе неколку дена, сметката на Металург е деблокирана. Управата на клубот преговара, разговара со ракометарите со кои има нерасчистени сметки и почнат, односно во тек е процесот на раздолжување. 

Со новиот ваучер што треба да стигне до март, клубот би требало да излезе од „црвено“ и да ги расчисти сите долгови. 

Ако се оди според планот, следната сезона одново ќе го гледаме Металург како сериозен клуб, ако продолжи по разгазениот пат и како најголема фабрика за производство на репрезентативци. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk