ЕП 2020: Први се чекираа - Германците (ФОТО)

Европското ракометно првенство полека (ќе) си го зафаќа своето место како примарен спортски настан во јануарската 2020.
Завесата полека се крева, а денеска на ЕП пристигна првиот гостин. 

Репрезентацијата на Германија денеска пристигна во Трондхајм, Норвешка и го привлече вниманието на  жителите и љубителите на спортот на далечниот север.

Германија слично како и македонската репрезентација по новогодишните празници замина на подготовки, во Австрија, вчера ја тестираше салата во Виена, а денеска е во Норвешка, каде во групата за противници ги има Шпанија, Холандија и Летонија. 
Две од овие репрезентации се враќаат во Виена во Главната рунда на натпревари. 





Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk