Какви премии бркаат Германците?

Германската федерација, денеска ги објави премиите за остварен пласман на претстојното ЕП. Доколку Германија стане европски шампион ќе има премија, тотал, 250.000 евра. Доколку биде сребрена играчите ќе поделат 200.000, а за бронзен медал премијата е 150.000 евра. 

Ова е помалку од премијата што ја бркаа на мундијалот минатиот јануари на кој Германија беше ко-организатор. За злато ќе добиеја 450.000. 

Споредбата со фудбалот е неблагодарна, на пример за шампионски пехар на СП Русија во фудбал, германските фудбалери ќе добиеја 350.000 евра - секој. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk