ТРИ ДЕНА ДО ЕП: Денеска генералната проба во Виена

На само три дена до почетокот на ЕП, денеска во Австрија, во Виена ќе се одржи генералната проба за ЕП. Репрезентацијата на Австрија својот прв и последен контролен меч ќе го одигра денеска од 14:40 против Германија. 

Ова ќе биде тест не само за играчите, туку и за целата организација и логистика на првенството. Најмалку 5.500 гледачи имаат купено билет за натпреварот, па ова ќе биде тест и за публика, а тоа како функционираат коридорите, интернетот, прес зоните, микс зоните... Практично, ова ќе биде меч по стандарди на ЕП. 

Ако нешто не функционира, ќе има два-три дена простор да се поправи. 

Од играчкиот дел, средбата ќе биде пренесувана на повеќе канали и ќе биде достапна за сите, а сигурно нема да ка пропуштат шансата и во нашиот струлен штаб да направат анализа. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk