Познати играчи што нема да ги видиме на ЕП

Годинешното ЕП, иако е олимписка година во која во принцип играат најдобрите играчи, ќе биде значајно ослабена со неиграње на голем број на познати или на важни играчи. 
Дел се повредени, дел не се повикани од селекторите, дел се ни таму-ни ваму. Заедники иментел им е - ЕП ќе го гледаат на ТВ. 
Некои од овие играчи, посебно тие што се повредени како Рихард Бодо, Магнус Род, Велко Маркоски, Ласе Свон Хансен, Лука Карабатиќ се уште можат да се појават на ЕП. Во моментов, ситуацијата со ѕвезди што ќе го пропуштат ЕП е следнава: 

Играчи што ќе го пропуштат ЕП
Шведска: Хампус Ване, Ким Андерсон, Никлас Екберг
Австрија: Доминик Шмит, Кристијан Пилиповиќ
Хрватска: Ален Блажевиќ, Ловро Михиќ, Лука Шебетиќ, Мануел Штрлек, Халил Јагањац
Германија: Тим Сутон, Руне Дамке, Матијас Муше, Фабијан Виде, Франц Семпер, Штефан Вајнхолд, Силвио Хајнефетер, Патрик Гроцки
Унгарија: Мате Лекаи, Габор Часар, Рихард Бодо
Норвешка: Бјарте Мирхол, Кент Робин Тонесен, Магнус Род
Исланд: Гисли Кристијансон, Хаукур Прастарсон 
Украина: Сергеј Онуфриенко, Владислав Донцов
Ц. Гора: Вуко Борозан, Милош Вујовиќ
Шпанија: Виктор Томас, Давид Балагер, Давид Фернандез
Португалија: Жилберто Дуарте
Србија: Дејан Милосављев, Тодор Јандриќ, Петар Ѓорѓи, Дарко Ѓукиќ
Швајцарија: Јонас Шелкер
Словенија: Марко Безјак, Сташ Скубе
Полска: Томас Гебала, Матеуш Јахлевски
Франција: Недим Ремили*, Лука Карабатиќ
Данска: Ласе Свон Хансен*
Македонија: Велко Маркоски*
Русија: Димитри Кисељов




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk