Удар за Германија: Само еден десен бек остана способен да игра на ЕП

Селекторот на Германија, Кристијан Прокоп имаше четири десни бека на поширокиот список на играчи за ЕП. Денеска има само еден и тоа играчот што беше повеќе за пополнување на списокот, Давид Шмит, дебитант во репрезентацијата. 

Прв откажа бекот на Кил, Штефан Вајнхолд, тој е повреден и не играше ниту за Кил. Потоа стигна втората лоша вест - Фабијан Виде се повреди и тоа веќе беше проблем. 

Но, проблемот стана голем проблем денеска, откако Франц Семпер, десниот бек на Лајпциг објави дека се повлекува. Тој има сериозен проблем, воспасление на срцевиот мускул и нема да биде на терен во долгедно време. 

Тоа му го остави на Кристијан Прокоп само Давид Шмит во игра од левораките бекови. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk