Екс вардарка си замина од Подравка

Во Вардар дојде како голем потенцијал на рускиот ракомет, но не се избори за место и шанса и не се покажа, па оттука почна нејзината евро-авантура. 

Алене Ихнева, откако замина од Вардар се пресели во Франција, во екипата на Флери Лоар, но таму остана многу кратко време, потоа се врати во Русија во тимот на Астраханочка. 

Повторно стана интернационалец во 2018 кога потпиша за Подравка и оттогаш до сега беше член на хрватскиот првак. 
Вчера дебитираше за својот нов клуб - Кишварда од Унгарија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk