Брестовац го соопшти последниот список

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, денеска го соопшти последниот список на играчи што конкурираат за настап на ЕП 2020. 
Списокот има 20 играчи, а последното кратење ќе биде на самото првенство, на ден пред првиот натпревар. 

Засега е за одбележување дека Маџовски се избори за место пред Димитриоски на позицијата лево крило. На десната страна Брестовац дополнително ќе решава меѓу Костески и Поповски, затоа што и двајцата доаѓаат во Словенија, од бековите Серафимов и Велковски ќе му прават друштво на Лазаров, Крстевски, Мишевски, Велко Маркоски од играчите што беа во Србија и Романија. 

„Имав состанок и на сите играчи им објаснив зошто се и зошто не се во тимот. Им објаснив што е мојата цел, што им беше задача, што одиграа. Немаше ниту еден коментар или забелешка за изборот“, изјави Брестовац. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk