Бебешко одбра тим за ЕП 2020

Селекторот на Украина, Сергеј Бебешко селектираше 18 ракометари со кои Украина ќе учествува на турнир во Швајцарија. 
Таму ќе бидат и Тунис и Холандија, а посебно дуелот со Холандија ќе биде еден вид на пресек и за нас, да можеме да направиме подобра споредба. 

Во составот очекувано ги нема Онуфриенко и Донцов, па така Чичикало кој долго време беше повреден и отсутен е нивниот единствен десен бек. 

На другите позиции нема никакви изненадувања, од финалниот ростер најверојатно ќе отпадне некој пикер, бидејќи во моментов ги има четири. 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk