Поповски: Не паничевме, тоа ни донесе победа

Македонија денеска одигра вистински тежок натпревар, со противник што има квалитети и што даваше се од себе на теренот за да победи. 

Во макеоднскиот тим се врати на терен Мартин Поповски, играч што имаше проблем со повреда, но сега одигра одлично и беше еден од подобрите играчи на теренот. 

„Бевме малку уморни од претходните два меча и патувањето. Но, подобро отворивме, направивме предност што изнесуваше и пет-шест гола разлика во првото полувреме. На почетокот на вториот дел имавме мал пад, противникот тоа го искористи, но не паничевме, бевме смирени и тоа ни донесе победа. Сега останува да го одиграме и утрешниот меч, со ладни глави, да се вратиме назад и да ја почнеме финалната фаза од подготовките“, изјави Мартин Поповски. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk