Без кратење на составот и во Букурешт

Од Букурешт за g-sport.mk, Ричи Ѓамовски

Македонската делегација побара, а организаторот на турнирот „Трофеј Карпати“ ѝ излезе во пресрет, на утрешниот меч со Алжир во составот ќе бидат сите 20 ракометари. 

Со ова изостана првото кратење на списокот, а селекторот ќе има уште два натпревари за да ги провери сите играчи, да им даде по уште некоја шанса да се покажат и евентуално да се изборат за место во тимот што ќе патува за Виена на ЕП.

Добредојден момент за Брестовац, иако финалниот список од 18 играчи што ќе патуваат на ЕП нема да го чекаме уште долго. 
За понеделник е закажана прес конференцијата на која би требало да биде објавен конечниот список, па дури тогаш ќе дознаеме кои од играчиве што беа на подготовките во Србија и Романија успеал да се покаже во најдобро светло и да обезбеди место на ЕП. 

Македонија утре од 15:00 часот ќе го игра натпреварот со Алжир во рамките на „Трофеј Карпати“. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk