Митревски и Поповски минаа добро

Од Инџија за g-sport.mk, Ричи Ѓамовски

Никола Митревски и Мартин Поповски, двајцата македонски репрезентативци што го пропуштија првиот натпревар со Кувајт поради ризик да се повредат, се загреваат со тимот и можеби уште вечерва ќе ги видиме на терен. 

Никола Митревски и Мартин Поповски се пожалија на повреда. Двајцата имаа проблем со мускул на ногата. Митревски со листот, Поповски со бутниот мускул (ложа), па беа поштедени, а денеска беа и на лекарски прегледи што утврдија дека не се работи за нешто сериозно. 

Ден-два одмор е докторската препорака, но, можеби уште вечерва ќе добијат мала порција од двомечот со Кувајт. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk