Одработен последниот тренинг, на ред е Кувајт

Од Стара Пазова за g-sport.mk Ричи Ѓамовски

Македонските репрезентативци го одаботија последниот тренинг и вечерва од 19:00 часот излегуваат прв пат на терен на контролен натпревар. 

Противникот е Кувајт, а македонскиот селектор планира на средбата да ги тестира сите 20 ракометари. Ова е условно, постои можност селекторот на Кувајт да не се согласи на ваков дуел, но со оглед на тоа дека оваа за разлика од утрешната средба е сосема неформална, би требало да ги видиме сите 20 на терен. 

„Ова е шанса за сите нас да се избориме докажеме и да се бориме за место во тимот што ќе игра на ЕП. Конкуренцијата е голема, сите играчи сакаат да се наметнат. За мене е најважно да одиграм најдобро што можам, да дадам максимум на теренот секогаш кога ќе бидам во игра, па ќе видиме што ќе се случува на овие четири натпревари“. изјави Дејан Кукулоски, еден од ракометарите од новиот бран што допрва ќе се бори за репрезентативниот дрес. 


Македонија и утре ќе игра натпревар со Кувајт, овие средби се играат во Инџија, а потоа заминува за Букурешт каде што ќе учествува на Трофеј Карпати. Турнир со Ф4 формат, во кој во полуфиналето Македонија ќе игра со Алжир, додека другиот пар се Романија и Холандија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk