ГЕОРГИЕВСКИ: Размислувам за заминување од ЧСМ

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски (32) во 2016 година замина од редовите на францускиот Тулуз и се пресели во Романија, во тимот на ЧСМ Букурешт, каде што тренер беше Звонко Шундовски. 

Од тој момент до сега во ЧСМ Букурешт, а и во романскиот ракомет се случија многу работи. Се изменија критериумите за странски играчи, клубовите иако имаат големи буџети се распаѓаат, нивните амбиции се менуваат од ден во ден, не се ретки ниту скандалите, посебно во женскиот ракомет.

Сето ова се чини дека му е премногу и на нашиот репрезентативец кој деновиве за прв пат откако е репрезентативец, може последната недела од декември и прославата на Нова Година да ја планира дома, со семејството. 
Георгиевски потврди дека планира да си замине од ЧСМ Букурешт, пред да му истече договорот. 

„Имам договор на уште една година. Но, најверојатно ќе заминам во јуни. Од почетокот на сезоната клубот е во финансиска криза, се намалуваше буџетот, заминаа играчи...но не се само парите проблем. Некако се менуваат многу брзо работите овде, нема стабилност, сигурност...Ако нешто не се промени, но во позитивна насока,  тогаш си заминувам“, вели Георгеивски. 


Во романскиот шампионат неклку години доминира Динамо Букурет. Тие изгледаат како најстабилниот клуб, додека двата најголеми ривали и довчеа мини македонски колонии, ЧСМ Букурешт и Констанца влегоа во тубулентни периоди по кој само еден Македонец остана во машкиот шампионат на Романија - Гоце Георгиевски. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk