Кил едвај одеше по терен и загуби дома

Дали во својата дебитанска сезона како тренер Филип Јиха комплетно ја утна формата на својата екипа? Беше за очекување Кил да игра се послабо како доажаат празниците, но од септември до декември падот е толкав што Кил не можеше и тоа дома да ги победи Порто и Мотор, а вечерва исто така дома беше поразен од Вецлар на Филип Миркуловски. 

Од „онаа“ машина што ја видовме како меле во Скопје, до овој Кил вечерва разликата е огромна. Падот во формата и играта е толку голем што Кил изгледа како едвај да оди по терен, а играчите како да немаат сила да шутираат, па така вечерва постигна само 20 гола, а противничкиот голман, Тибор Иваниевиќ одбрани неверојатни 19 шута, речиси 50 % од ударите упатени кон неговиот гол. 

Филип Миркуловски бее моторот на Вецлар. Одлично ги водее и координираше акциите, постигна еден гол, имае и понекоја асистенција или изнуден пенал, секога во вистински момент. 

Со овој пораз Кил практично го избриша поразот на најголемиот ривал, Флензбург. Тие, пак, минатиот викенд имаа слаба вечера и агубија од Лудвигсхафен, но веднаш најдоа сили за да се врата во игра и  вчера го победија РНЛ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk