ОИ ТОКИО: Пол позиција за Црна Гора, Унгарија и Шпанија

ИХФ со тајно гласање одбра три домаќини на Олимписките квалификациски турнири во женска конкуренција, брз база на апликациите што ги имаше добиено. 

Црна Гора добива огромна предност битката со Романија, Норвешка и Северна Кореја, за две места што водат во Токио да ја води во својата „Морача“. Веруваме дека Норвешка на тој турнир ќе биде комплетна и неприскосновена, но Романија ќе биде ранлива. Северна Кореја нема никаква шанса. 

Унгарија искористи тоа што Русија поради санкциите од ВАДА неофицијално испадна од трка, а Србија направи уште еден аматерски пропуст и не ни аплицираше за организација на турнирот. Така Унгарија излезе пред Русија и Кина и на домашен терен ќе брка билети за Токио.

Нема никаков сомнеж дека откако катастрофално беа оштетени во финалето на СП, на Шпанија и следи компензација. Првиот благодет за нив е добивање на организација на квалификациите за ОИ, иако за волја на вистината Шпанија заедно со Шведска се огромни фаворити во однос на Аргентина и Сенегал каде и да се игра групата. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk