Криштопанс во ТОП 5 играчи со најсилен шут во ЛШ

ЕХФ објави резултати од истражување спроведено низ натпреварите од Лигата на шампионите, а се однесува со брзината со која ракометарите ги испраќаат своите проектили кон голманите. 

Вардарецот Даинис Криштопанс е меѓу ТОП 5 играчите во ЛШ со шут што е измерен на 130 км/ч. За него е ветеранот Раул Ентрериос кој шутирал со 128.3 км/4, пред него е Арон Палмарсон, Исланѓанецот што игра за Барса со шут од 132 км/ч го среди голот на Келце.

Првите две позиции се за Французинот Роман Лагард и Данецот Ласе Андерсон. Лагард кој има повеќе шутеви околу 130 км/ч својот најдобар удар го има испратено со брзина од 133.2 км/ч. 

Победник е Ласе Андерсон, тој има испратено проектил што се движел со 140 км/ч и е убедливо на првото место на оваа листа. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk