Германија без Лемке, Хајнефетер, Вајнхолд, Муше...

Кристијан Прокоп, селекторот на Германија го соопшти скратениот список на играчи за настап на ЕП и одново се крена прашина во германските медиуми. 

На списокот од претходно го нема Матијас Муше, а сега му се приклучија нивниот одличен дефанзивец Фин Лемке, Силвио Ханјефетер, поради повреди ги нема ниту Фабијан Виде, а настапот го откажа и Штефан Вајнхолд.  

Најголемото изненадување сепак е изоставувањето на Дарио Квинштет, голманот на Кил, реовме го нема Силвио Ханјефетер, а повратник во тимот е Јоханес Битер.  



Германија е потенцијален противник на Македонија, но во евентуалната втора рунда од натпревари на ЕП. За да дојде до тој дуел, Македонија ќе мора да се пласира во главната фаза, а истото треба да го направи и Германија во конкуренција со Шпанија, Летонија и Холандија. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk