Барса и Пик Сегед ќе менуваат тренери

Сезонава што е во тек веројатно ќе биде последната на клупата на Барса за тренерот Хавиер Чави Пасквал. Неофицијално дознаваме дека во тек е една од последните фази од расчистувањето на теренот за големата промена која на кормилото на Барса ќе го доведе Хуан Карлос Пастор, тренерот на ПИК Сегед, во пакет со неговиот асистент во унгарскиот клуб, Марко Кривокапиќ. 

Смената на Пасквал не е ништо ново во ракометните кулоари, иако тој има обновен договор со кој на чело на Барса треба да биде до 2022 година. Најчесто како негов наследник се споменуваше Талант Душебаев. Киргистанецот исто така има долгогодишен договор со Келце, па последните информации се врзани со Шпанецот кој со успех го води ПИК Сегед. 

Промена следствено ќе има и на кормилото на ПИК Сегед, а таму би требало да се пресели шведскиот ас Јонас Калман. Швеѓанецот кој се уште е активен во редовите на Пик Сегед има полни 38 години и веќе е зрел ракометното знаење да го шири од клупата, место од теренот. 

Информацијата е неофицијална, но очекуваме наскоро, на виделина да излезат повеќе детали што ќе ја потврдат или евентуално ќе ја демнатираат. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk