Работник денеска стана Пелистер

Управата на македонскиот вице-првак, денеска информираше дека е завршена и административно процедурата на спојување на двата клуба. 

Почитувани љубители на ракометот, навивачи на РК Еурофарм Пелистер.
Ве информираме дека официјално се завршени административните постапки за трансформацијата на РК Еурофарм Работник во Еурофарм Пелистер. Добиената документација сега е доставена и до сите надлежни ракометни организации и со големо задоволство може да објавиме дека во наредниот период нашата екипа на сите натпревари ќе настапува под името и со дресови на РК Еурофарм Пелистер.
 


Од денеска Работник оди во историја, можеби ќе треба да помине некое време додека да минат и низ административните сита на РФМ, ЕХФ и СЕХА Гаспром, но очекуваме на пролет, во СЕХА да ги видиме како Е. Пелистер, додека во домашното првенство ќе играат Е. Пелистер и Е. Пелистер 2. 

Во прилог на ова соопштение, битолчани презентираа и копија од изводот од Централен Регистар. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk