Honeyland на чекор до номинација за Оскар

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ влезе во потесниот избор на филмови што се номинирани за наградата Оскар. Медена земја е во конкуренција за најдобар документарец и најдобар странски филм.

Американската филмска академија го објави потесниот избор филмови во 9 категории од кој на 13 јануари ќе се изберат по пет кои ќе добијат номинација за Оскар.

Во конкуренција од 159 документарни филмови, нашиот документарен успеа да влезе во потесниот избор на 15 одбрани, од кои академијата ќе одлучи кои ќе влезат и во официјалната конкуренција. Во категоријата за најдобар документарец се квалификува поради победата на фестивалот Докавив во Тел Авив.

„Медена земја“ е македонски кандидат и за Оскар заи  најдобар странски филм.

Оскарите следната година ќе се доделуваат на 10 февруари во Долби театарот. Членовите на академијата до 7 јануари ќе гласаат за потесниот избор и на 13 јануари ќе се изберат по пет номинирани филмови за секоја категорија.

International Feature Film: 

Czech Republic, The Painted Bird
Estonia, Truth and Justice
France, Les Misérables
Hungary, Those Who Remained
North Macedonia, Honeyland
Poland, Corpus Christi
Russia, Beanpole
Senegal, Atlantics
South Korea, Parasite
Spain, Pain and Glory


Docymentary Feature
Advocate
American Factory
The Apollo
Apollo 11
Aquarela
The Biggest Little Farm
The Cave
The Edge of Democracy
For Sama
The Great Hack
Honeyland
Knock Down the House
Maiden
Midnight Family
One Child Nation

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk