Врањеш нов селектор на Словенија?

Словенечките медиуми на ден пред изборот, веќе го промовираат шведскиот тренер со Ју-потекло, Љубомир Врањеш за нов селектор на Словенија. Веќе е познат и помошникот, а тоа ќе биде како и досега - Урош Зорман. 

Откако од конкуренција отпадна Хуан Пастор кој има договор со Пик Сегед дека нема да води репрезентација покрај клубот и откако Талант Душебаев се огласи со поддршка за Зорман, итро изоставувајќи се себе од конкуренција, словенечката федерција потрагата по селектор ја носочи кон Арој Кристијансон (актуелен селектор на Бахреин), Патрис Канаје (тренер што 25 години работи само на едно место - Монпеље),  Хуан Карлос Ортега (тренер на Хановер) и Љубомир Врањеш (Кристијанштат). 

Добро информираното „Дело“ неофицијално, објави дека Љубимир Врањеш е веќе одбран, утре треба да биде промовиран. 

Шведскиот ас, во улога на тренер беше успешен единствено во Флензбург со кого во 2014 година стана европски шампион. Во следните пет години неговото име не е врзано со ниту еден голем успех. Беше накратко селектор на Србија и тоа исто не беше лош период, но потоа го презема Веспрем и репрезентацијата на Унгарија и тоа беше лош потег, гледно резултатски. 
Овој дил беше раскинат, а сега е тренер на шведскиот претставник во ЛШ, Кристијанштат. Во моментов е на трето место во првенството, со бод односно четири бода помалку од Малме и Алингсас и тоа откако водечките запишаа по еден пораз. Веднаш зад него се Ховде и Иштад со бод и два заостанување. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk