ДАНСКА НА ЕП: Страшни бекови и стаклена одбрана

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, одбра 19 ракометари со кои ќе игра на Златна Лига, турнир во Франција што традиционално се држува во подготвителниот период и каде учествуваат најдобрите европски екипи. 

Данска презентираше состав во кој има „страшни“ бекови. Микел Хансен, Расмус Лауге и Никлас Киркелоке се во првата, Михаел Дамгард, Мадс Менса Ларсен, Мортен Олсен, Ласе Андерсен, Хенрик Мелгард и Николај Орис во втората...

Но, данските експерти повикуваат на внимание затоа што нивната одбрана е на стаклени нозе. Двајцата главни дефанзивци се повредени. 
Хенрик Тофт Хансен не е рехабилитиран целосно, не е во составот за Златна Лига и прашање е дали ќе успее навреме да заздрави.
Истото важи за неговиот партнер во одбраната, Симон Халд од Флензбург. Тој поради скршено ребро е вон строј и не се ни смета на него во овој период. 
За среќа, Рене Тофт Хансен е во тимот, но тој веќе е играч што поради повреди кариерата од Кил и Веспрем ја пресели на поинакво ниво, во Бенфика... 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk