Расмусен: Конечно успеаја да ме...

Светското првенство во Јапонија не беше никаков поголем исклучок кога се работи за релациите меѓу тренерите/публиката од една страна и судиите од другата страна на фронтот. 

Контроверзниот пенал во последната секунда што го одлучи светскиот шампион беше последната капка, но и претходно, тренерите излегуваа надвор од рамките на етичките норми, посебно за големи настани каков што е мундијал.

Ким Расмусен, поранешен тренер на Вардар, европски првак со ЧСМ и сега селектор на Унгарија е предаден на етичка комисија, суспендиран на неодредено време и веројатно уште долго ќе се сеќава на натпреварот со Романија, по кој ги обвини судиите дека се срам за ракометот. 

Но, тоа не беше доволно, па Данецот на прес конференцијата продолжи да навредува, а казната го стигна откако изјави, дека имале и нешто лично против него кога му доделиле две минути. Расмусен ќе добие подебела казна за, цитираме:

„I hope they can go home happy because they finally managed to fu.k me“. 


Судиите на овој натпревар беа од Германија, Кутлер и Мерц. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk