Крилата на Вардар во Ол стар тимот на СП Јапонија

Јованка Радичевиќ од Црна Гора и Камила Херем од Норвешка, две поранешни ракометарки на Вардар се селектирани во идеалниот состав на Светското првенство во Јапонија. 

ИХФ одбра, во идеалниот тим покрај споменатите крила се наоѓаат и Русинката Ана Вјахирева и шпанската ракометарка Александрина Барбоса, заедно со „златната“ Естевана Полман на бековските позиции, Лин Блом од Шведска е најдобриот пикер, а Тес Вестер најдобриот голман на СП. 

МВП на првенството е Естевана Полман, а најдобар стрелец со 71 постигнат гол е Луис Абинг од Холандија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk