Холандија е светски првак!

ХОЛАНДИЈА - ШПАНИЈА  30-29 (16-13)

Холандија е новиот светски првак во женски ракомет! Тие во големото финале, во драматичен ја совладаа Шпанија и ја крунисаа неверојатната приказна за нивниот подем. 

Да се потсетиме, во 2012 година Холандија требаше да биде домаќин на ЕП. Но, од пред се од финансиски причини и незаинтересираност на спонзорите се откажаа од домаќинството и беа дисквалификувани. 
Само три години подоцна играа финале на СП (2015) и загубија, потоа играа финале на ЕП (2016) и загубија. Следната година загубија во полуфинале на СП, а потоа и во полуфинале на ЕП. 

Сега стигнаа до финале и тоа најзаслужено, со победа над најголемиот ривал - Русија. Во финалето, стигна дуел со Шпанија. 

Поведоа шпанските ракометарки со 6-2, 9-5, но се врати Холандија и на полувреме имаше 16-13. Имаше и четири гола предност Холандија, но во финишот се случуваше вистинска драма. 

Тес Вестер одбрани зицер на Барбоса на 90 секунди до крајот при водство на Холандија од 29-28 но место печат за злато, Холандија згреши и следеше нова контра, овој пат за реми.

Потоа Холандија пропушти напад, пропушти напад и Шпанија, но кога на 4 секунди до крајот голманот на Холандија сакаше да изведе шут, играч на Шпанија „неправилно“ блокираше. 
„Катастрофална грешка“ на шпанската ракометарка, беше досуден седмерец за Холандија и Абинг погоди за злато. Велиме грешка на играчот, само затоа во епилогот од мечот, беше досуден пенал. 

Инаку, според ракометните правила играч смее да блокира голманско фрлање доколку нема контакт, не ја гази линијата или не игра со нога..
Судии на мечот беа фамозните сестри Бонавентура. 

Видео снимките беа и тоа како корисни во ракометот, но... 

Бронзениот медал го освои репрезентацијата на Русија. Тие во битката за треттото место ја совладаа Норвешка со 33-28 (18-15). 
„Дојдовме овде само по злато, но ете се случува еден лош ден и се пропаѓа. Но, освоиме медал, ќе играме квалификации за ОИ и одиме напред“, изјави Јулија Манагарова. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk