Повик за Јагањац, иако не е меѓу 28-те за ЕП

Во Хрватска никогаш не е здодевно кога се подготвува репрезентацијата, особено кога на нејзиното чело е Лино Червар. 
Некогашниот тренер на Металург, го скрати условно кажано списокот и повика 16 играчи за почетокот на подготовките, објавија хрватските медиуми. 

На овој список не се интернационалците од Германија, па Червар дополнуваше од поширокиот список на играчи. Поточно повика два играчи што не се на пошириокиот список.
Еден од нив е пикерот на Дубрава, Никола Граховац, а вториот е Халил Јагањац. Некогаш најголемиот потенцијал на Хрватска, откако меѓу Загреб и Нексе, реши да потпише за клубот од Нашице, спадна на ниво да не е ниту меѓу 28, а повик добива за да пополни место додека да дојдат играчите што конкурираат за настап на ЕП. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk