ИХФ го суспендираше селекторот на Унгарија

Светската ракометна федерација објави дека селекторот на Унгарија, Ким Расмусен, е суспендиран и против него се води дисциплинска постапка по која ќе бидат познати казните што ќе треба да ги плати или издржи поради своето однесување. 

Ким Расмусен на прес конференцијата по натпреварот со Романија, меч што Унгарија го загуби, не бирал многу зборови, а неговата изјава е сфатена како неспорско однесување и во спротивност со спортската етика. 

Засега казната е само суспензија на неодредено време, но наскоро би требало да биде преточена, веројатно во парична казна, евентуална суспензија на одреден период. 

Ким Расмусен своевремено имаше кратка тренерска авантура во македонскиот Вардар. Не издржа долго на клупата на „црвено-црните“, потоа се пресели во ЧСМ Букурешт и со нив стана европски шампион. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk