Каде отиде женскиот ракомет? Норвешка се прошета до полуфинале

Норвешка и Русија, двете светски велесили во женскиот ракомет ќе се сретнат во битката за бронзен медал на Светското првенство. Епилог каков што најмалку посакуваа Романија и Црна Гора, затоа што поразениот од овој дуел оди со нив во квалификации за ОИ Токио. 

Норвешка во полуфинале во некои други времиња ќе беше дури и неуспех за женскиот ракомет во Норвешка. Норвешка во полуфинале во денешни времиња е неуспех и жесток шамар за женскиот ракомет на светската сцена.
Гледано од наш агол, Норвешка е пример за крахот на женскиот ракомет на светската сцена. Доказ дека женскиот ракомет ниту оддалеку не е на нивото на кое што некогаш беше. И дека чекорот на ова СП не е направен напред. 

Зошто го велиме ова? Норвешка веќе неколку години на клупски план е далеку од нивото што го имаше додека ја претставуваше Ларвик. На овој мундијал дојде без најмалку шест врвни ракометарки. Меѓу нив се Вероника Кристијансен, Кјертин Сол, Карим Гримзбо, Катрине Лунде, Нора Морк и Аманда Куртовиќ. Ова се играчи што освојуваат трофеи, што играат главни улоги. 
Не велиме дека имаат лош тим. Но, ова не е нов тим, ова е крпен тим, не е смена на генерација. Тука е ветеранот со неколку кам бека, Хајди Локе, потоа уште еден пивот Карин Братсет, па Стине Офтедал, уште еден ветеран Камила Херем...Не велиме дека има лош тим, велиме дека недостасуваат најмалку шест.

Во некои други времиња, Норвешка без шест играчи ќе беше плен и за Македонија. Да не зборуваме за екипи од  типот на Унгарија, Романија, Франција, Ц. Гора. 

Денеска, Норвешка без шест играчи од првата постава, без многу мака стигна до полуфинале. Тоа не кажува толку за Норвешка, колку што отвора прашања...
Што кажува тоа за Македонија, Австрија, Унгарија, Романија, Полска, Словенија, Јужна Кореја, Франција, Србија, Црна Гора, Данска, Шведска...? Што се случи со женскиот ракомет во овие земји ако Норвешка без шест играчи од првата постава се прошета до полуфинале на Светско првенство? 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk