Зариба и моќната Русија

Холандија не играше перфектен турнир во Кумамото. Беше поразена уште во првото коло и тоа од Словенија, потоа загуби и од Данска и од Германија, но им се поклопија некако коцките и стигнаа до полуфинале. 

Русија играше перфектен турнир. Немаше тим што се сретна со нив и не загуби со помалку од седум гола разлика. А ги пројдоа и Шпанија и Црна Гора и Романија... Прашањето беше ќе прегази ли Русија се до крај или ќе „пукне“ некаде. 

Одгворот го добивме денеска на првото полуфинале. Русија зариба, не беше тоа тој тим што газеше суверено се пред себе. Холандија беше подобра во првиот дел, во вториот беше во негатива, но погодија за водство од 33-32. Русија надежите ги положи во Вјахирева, но нејзиниот шут заврши покрај голот. Конечни 33-32 (16-16). 

Холандија е во финале и ќе се сретне во битка за злато со подобриот од дуелот Норвешка - Шпанија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk