Писонеро во Работник, Алушовски во Вардар?

Давид Писонеро денеска си заминал од Македонија и тоа е информација на која можеме да и дадеме и официјална нота со оглед на изворите кои ни ја потврдија. 

Така првиот тренер на Вардар, односно тренерот што беше замислен да ја искрои новата шампионска екипа ја заврши пред Нова година својата мисија, според резултатските параметри - неуспешно. Тоа во голем дел не е ниту негова вина, ако се направи вистинска анализа, но времето за тоа можеби одамна измина...

Информација што речиси еден месец од еден или друг извор доаѓа до нас е дека Давид Писонеро ќе биде новиот тренер на Е. Работник. 
За волја на вистината од Битола и блиски извори стигнуваат и деманти, но се додека Е. Работник официјално ни потврдува ни демантира, никој не може да го оспори правото да го видиме повторно на скопскиот аеродром шпанскиот тренер. 

Оставката, пак, на Стевче Алушевски од кормилото на Е. Работник веднаш го стави во комбинациите за тренер на Вардар. Во прв момент со оглед на досегашната политика на Вардар речиси невозможно, па мина време додека се двоумевме и ние и други се додека Sportmedia.mk прва се охрабри да го објави, но потоа излегоа и комбинациите да биде асистент (што се поклопува со заминувањето на Писонеро) и сега имаме нова медиумска каша што се одвива надвор од објавените текстови. 

Резимирано, Писонеро си замина и не веруваме дека повторно ќе го видиме во Вардар, иако не ја исклучуваме можноста да го видиме во Битола. Алушовски, би било интересно да го видиме во Вардар повторно по многу години...
Што се однесува до двата македонски тима... без многу оптимизам се надеавме дека ќе се реорганизираат и на своето европско реноме од натпреварувачки и организациски карактер, да му додадат и доза европско реноме и во односот кон медиумите алијас публиката што си плаќа билети да ги гледа или се интересира за нив, па да се погрижат и од тој агол да изгледаат малку европски. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk