„Б “Кадетите покажаа карактер

MАКЕДОНИЈА Б - БИХ    29-28 (11-15)
Македонија: Ивановски, Димовски 3, Чакалиќ 1, Илиев 1, Ивановски 2, Митревски 6, Додевски 1,  Николов, Мелоски 1, Трајкоски 6, Калајџиевски 1, Михајловски 1, Стојковиќ, Димевски 3 , Донев 3, Јанчев, Костовски , Киселовски

Кадетстиот „Б“ тим на Македонија ја совлада БиХ на натпревар на кој овие момци покажаа завидувачка способност да се вратат од негатива што вообичаено би значела убедлив пораз. 

Македонските кадети беа во минус од 2-8 и 3-10 на почетокот на натпреварот. Но, уште во првиот дел, се вратија во игра македонските играчи (7-10), иако на полувреме заминаа со минус четири гола на семафорот (11-15). 

Во второто полувреме Македонија успеа да израмни на 18-18, но потоа во финишот БиХ имаше 28-23 водство и се чинеше завршена работа. 

Во последните не повече од седум минути, Македонија Б импресивно влезе во ритам и серија и со сеија од 6-0 дојде до победа од 29-28.  
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk