Дремеа по аеродроми и се вратија назад

Екипата на Војводина преседе два дена на аеродромот во Истанбул и се врати назад во Нови Сад. СЕХА Гаспром реши да попушти пред силите на природата и го одложи натпреварот Мотор - Војводина. 

Новосадската екипа се бори за позицијата број три во групата, веднаш зад Вардар и Мотор. Татран им е единствениот ривал што може да им ги замрси сметките. 

Новосадската екипа стигна во Истанбул вчера утро, но летото беше откажан поради лошо време во Запорожје. По една непроспана ноќ, денеска одново беше констатирано дека во Запорожје нема услови за слетување на авион (густа магла), па Војводина си се врати назад во Нови Сад. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk