На два натпревари до крајот на регуларниот дел од СЕХА Гаспром лигата Вардар и Мотор Запорожје обезбедија директен пласман во 1/4 финалето на СЕХА Гаспром.
Вардар со 24 бода е на првото место, Мотор е второпласиран, а Војводина се уште има шанса да го мине Татран на третото место во групата.
Во групата Б, Веспрем, Мешков и ППД Загреб се борат за првите три места, со тоа што Веспрем има најголеми шанси да заврши на првоото место, додека Е. Работник и Металопластика се борат за позициите 4 и 5.
Е. Работник ако заврши на позицијата 4 во својата група во баражот ќе игра со Нексе (А5). Победникот од овој дуел ќе игра против Вардар во 1/4 финалето.
Ако Е. Работник заврши на позиција 5 во својата група. Тоаш во 1/8 финалето ќе игра со Војводина/Татран, а победникот од овој дуел ќе оди на дуел, најверојатно со Веспрем (Б1).

* Во табелата не е регистрирана вчерашната победа на Вардар над Татран. Вардар сега има 24 бода.
Во првата елиминациска фаза на СЕХА Гаспром се среќаваат:
Б6 - А3
Б5 - А4
А5 - Б4
А6 - Б3
Во втората елиминациска фаза во СЕХА Гаспром се среќаваат:
Б6 /А3 - Б2
Б5 /А4 - Б1
А5 / Б4 - Мотор
А6 / Б3 - Вардар