Хендикеп за КЛ7, се повреди Џигероски

Екипата на КЛ7 имаше малерозен натпревар во јуниорска конкуренција со Металург викендов. На таа пресметка платија висока цена. Јуниорскиот репрезентативец Дејан Џигероски се повреди и ќе отсуствува од терените подолго време.

Повредата е специфична, иако не е невообичаена на ракометен натпревар - дислокација на рамо. Тоа подразбира неколку месеци вон терен, можеби и завршен сезона, иако е премногу рано да се зборува за должината на паузата и последиците од повредата. 

Добра вест во лошото е што играчите по ваква повреда се враќаат целосно функционални. Предност за Џигероски е што е млад и има пред него уште многу време за рехабилитација, враќање во форма, зајакнување на мускулатурата... 
Доколку рехабилитацијата се одвива како што треба, би требало да биде во конкренција за ЕХФ Шампионатот во јуниорска конкуренција. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk