Скратен список: Не се ни замислуваат без Мирхол

Селекторот на Норвешка, Кристијан Берге, е вториот селектор, по холандскиот, кој го крати списокот од 28 на 18 играчи. 
Кристијан Берге денска селектираше 18 играчи, а меѓу нив е селектиран и Бјарте Мирхол (37) пикерот без кого Норвешка не можа да се замисли. 
Мирхол има сериозен проблем со дигестивниот систем (дивертикулитис) и за него ЕП требаше да биде завршена приказна пред да почне, но очигледно нема да биде така. 

                                                         

Кент Робин Тонесен, играчот на Веспрем што се повреди во Скопје, не е во составот, за него сезоната е завршена. Но, Берге е најсилен токму на позицијата десен бек каде што ги има Магнус Род, Харалд Рајнкинд и Елвинд Танген.
Кристофер Рамбо и Еспен Лие Хансен се другите две имиња што се попознати меѓу норвешките ракометари, ашто останаа на списокот на резерви. 


Голмани:
Torbjørn S. Bergerud, SG Flensburg-Handewitt 
Espen Christensen, GWD Minden 
Kristian Sæverås, Aalborg Håndbold 
Лево крило
Magnus Jøndal, SG Flensburg-Handewitt
Alexander Blonz, Elverum
Десно крило
Kristian Bjørnsen, HSG Wetzlar
Kevin M. Gulliksen, GWD Minden 
Пикери:
Bjarte Myrhol, Skjern Håndbold
Magnus Gullerud, GWD Minden
Petter Øverby, HC Erlangen
Средни бекови
Sander Sagosen, Paris Saint-Germain Handball
Christian O'Sullivan, SC Magdeburg
Sander A. Øverjordet, Haslum HK
Леви бекови
Gøran Johannessen, SG Flensburg-Handewitt
William Aar, Kolstad
Десни бекови: 
Magnus Abelvik Rød, SG Flensburg-Handewitt,
Harald Reinkind, THW Kiel
Eivind Tangen, Skjern Håndbold
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk