(ВИДЕО) Србија зема опасен залет на СП

Србија во главната рунда влезе без бодови откако беше поразена од Норвешка (25-28) и претрпе огромен пораз од Холандија (23-36).
Но, во главната рунда се опуштија рацете на српските ракометарки меѓу кои има поранешни играчи и на Вардар и на Металург. 

Во третото коло ја совладаа непоразената Кореја, а утрово славеа важна победа и над Германија. Србинките во меч што со ракометен термин се нарекува гол за гол, славеа минимална победа (29-28) со гол од пенал што го постигна поранешната ракометарка на Металург, Кристина Лишчевиќ. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk