Среќата го спаси ракометарот на Татран

Во експлозија на гас во станбена зграда во Прешов, во петокот, загинаа пет луѓе, а најмалку уште 40 се повредени, меѓу кои има и тешко повредени. 
Експлозијата се случила претпладне, некаде меѓу деветтиот и дванаесеттиот кат на зградата што има 12 ката. Оштетени се шест катови, а зградата е евакуирана затоа што постои можност да се сруши. 

Ракометарот Милош Шарпатаки (23), играч на Татран Прешов, екипа што игра во СЕХА Гаспром лигата, живеел во зградата во еден од становите што комплетно се уништени. 

Во моментот кога се случила експлозијата, тој и неговата девојка, за среќа, биле излезени и тоа им го спасило животот. 
Освен што нема кров над глава, уништена му е комплетната покуќнина и се што поседувал, па словачката федерација организираше и акција за донирање. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk