Дерби без Манасков, Цветковски го заборавија на клупа

Веспрем го совлада ПИК Сегед во наголемото дерби на овие простори. Унгарскиот шампион ја искористи предноста на домашен терен, но само за минимална победа (28-27) и битката за шампионскиот пехар допрва се разгорува. 

ПИК Сегед имаше и напад за реми, но Владимир Цупара го одбрани шутот на Џуан Кањељас. Дејан Манасков не доби шанса за настап за Веспрем на оваа средба. 

Јане Цветковски беше на голот на Егер во првото полувреме и имаше 11 успешни интервенции, а неговиот тим водеше со четири гола разлика (14-10) на полувреме на средбата со Комло. 
Потоа, во 35 минута, Цветковски беше заменет и тренерот го „заборави“ на клупа. Во меѓувреме Егер ја загуби средбата (22-24). 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk