Тосковски ја (од)брани Аполда

Германската Оберлига и натаму останува првенство во кое играат најмногу Македонци, покрај СЕХА и Супер Лигата. 
Ратинген стана најпозната колонија со ангажманот на (екс) репрезентативците Јоновски, Лазаров и доското Ангелов, но постарата македонска колонија во оваа регионална лига е Аполда, каде што беа Игор Тосковски, Игор Илиевски и Васил Митевски. 

Игор Тосковски и Игор Илиевски и натаму се во дресот на Аполда. Тосковски стана миленик на публиката во овој град, така барем напишаа, а ние го цениме  мислењето на локалните медиуми 

Аполда вчера одигра важна улога и во шампионатот, вчера откако го запре походот на второпласираниот Бургенлданд. 
Аполда го остави кандидатот за повидок ранг на само 16 постигнати гола, благодарение на македонскиот голман кој имаше над 50 % одбрани, односно 18 интервенции. 


Миленик на публиката во Аполда -  Игор Тосковски
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk