Лазаров добива нов соиграч место Турнат

Кирил Лазаров добива нов соиграч на линијата за следната сезона. Од клубот си заминува еден од најдобрите, пивотот Николас Турнат, а место него Нант се реши за играчот на Гранољерс, Адриа Фигуерас. 

Можеби овој играч не е звучен иако веќе има 31 година, но на локално ниво, во Асобал, во 2016 и 2018 беше МВП, а трипати беше во ол стар тимот на Асобал на позицијата пивот. 
Пред да дојде во Гранољерс имаше авантура во Барса. 

Николас Турнат, пак, оди во Полска, во Келце, каде што ќе го замени Хулен Агинагалде. Овој трансфер е договорен уште пред една година. 
Агинагалде, на крајот се сезоната се враќа назад во Шпанија и ќе игра за екипата на Бидасоа. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk