Криштопанс највисок, Македонија без двометраш на ЕП

Даинис Криштопанс е највисокиот играч што ќе се појави на ЕП 2020. Летонецот ќе дебитира на Европските првенства, а со неговото појавување на терен се сменија и статистиките на играчите од ЕП. 
Летонија е држава од каде доаѓа и најнискиот играч. Никита Панченко со 171 см е најнискиот играч на шампионатот.

Верувале или не, иако Црна Гора можеби важи за земја каде што луѓето се високи по раст, но тоа е една од двете држави која нема играч повисок од 2 метра.
Нивниот највисок играч е голманот Радивоје Ристановиќ. Тој е пријавен со висина точно 2 метра. 

Втората држава што нема играч повисок од 200 см е - Македонија. Филип Талески е единствениот пријавен со висина 2.00, иако Талески можеме да го најдеме по други статистики и како играч висок 202 см. 

Украина на овој шампионат е земја на џинови. Од 28 пријавени играчи дури 10 се високи 2.00 или повеќе. 

Унгарецот Бенче со 206 см и 139 кг е најтеѓкиот играч на ЕП. Зад него се двајца играчи од македонското првенство - Криштопанс и Шевелев. 

Највисоки играчи на ЕП: 
1. Даинис Криштопанс - Летонија - 215 см
2. Николај Маркусен - Данска - 212 см
3. Јосип Векиќ - Хрватска - 210 см
4. Фин Лемке - Германија - 210 см
5. Алексеј Шинкел - Белорусија - 207 см

Најниски играчи на ЕП
1. Никита Панченко - Летонија - 171 см
2. Лук Стајнс - Холандија - 172 см
3. Андреј Батлер - Швајцарија - 172 см
4. Мартин Поповски - Македонија - 177 см
5. Фран Милета - Хрватска - 177 см

Најтешки играчи: 
Бенче Суч - Унгарија - 139 кг
Даинис Криштопанс - Летонија - 136
Александар Шевелев - Украина - 124


Најлесен играч: 
Боби Шаген - Холандија - 72 кг.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk