Брашов „со сила“ ги терал играчите на терапија

Секој ден излегуваат нови детали во допинг скандалот во Романија, по кои станува се појасно дека во 2020 клубот Корона Брашов нема да постои.

Последните информации што ги објавуваат романските медиуми е дека зад целата афера стои клубот. Корона Брашов на почетокот на сезоната потпишала договор со клиниката што единствена во Романија користи таква технологија. 
Според договорот вреден околу 26.000 евра, секоја ракометарка требало да добие 10 третмани. 

Некои од играчите не сакале да одат на таква терпаија, по што клубот им се заканил со казни. 

Најинтригантно во целата ситуација е дека кога клубот потпишал договор со клиниката, точно му било презентирано за каква терапија се работи. 

Останува отворено прашање дали тоа што следеше е од незнаење на прописите на ВАДА или намерно заобиколување или кршење на прописите. 

Во моментов се суспендирани 19 ракометарки на Корона Брашов. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk