Аларм ја прекина битката на Штутгарт со Кил

Дуелот од германскиот Куп, меѓу екипите на Штутгарт за која игра Жарко Пешевски и добро познатиот Кил е прекината на почетокот на второто полувреме. 

Аларм за пожар се огласил во салата, по што средбата била прекината, а публиката евакуирана. 

Германските медиуми пишуваат дека технички дефект е причина што се огласил алармот. 

Во моментот на прекинот Кил водеше 22-19. Жарко Пешевски имаше скор 4/4 до тој момент и беше еден од најдобрите играчи на теренот. 

Лемго го исфрли Лудвигсхафен на Мартин Томовски, а Мелзунген беше подобар од Берлин на двете други средби од Купот, последниот пар е РНЛ - Хановер. 

*Натпреварот Штутгарт - Кил продолжи по речиси еден час пауза.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk