Загреб ги однесе бодовите од Битола

Е. РАБОТНИК - ППД ЗАГРЕБ   27-28 (12-16)
Остроушко 7, Ѓукиќ 5 - Хорват 10, Хрстиќ 4

Битола виде уште една драма во која домашниот Е. Работник до последен момент се бореше за бодови. Овој пат во СЕХА Гаспром и за жал неуспешно. ППД Загреб победи минимално, но заслужено, со оглед на тоа дека водеше од првиот постигнат гол до последната секунда. 

Првиот дел беше послабиот период за битолчани. ППД Загреб поведе со 16-12, но во продолжението на средбата двапати беше израмнуван резултатот, а Веселин Вујовиќ мораше да бара тајм аут и да ги опоменува своите ракометари дека во Битола не се дојдени за прошетка. 

Особено се разжешти битката во финишот на натпреварот кога и публиката се вклучи во целиот амбиент. Битолчани играа силна одбрана, но Загреб успеваше да најде начин и да се извлече од кризата со понекој гол, секогаш кога им гореше под нозе. 

Храстник во последниот напад на Загреб постигна гол за 28-26, по што за битолчани имаше доволно време само да намалат (27-28) и потоа беше готово. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk