Карабатиќ го пропушта ЕП 2020?

Лоши вести доби француската репрезентација. По Недим Ремили кој ќе се трка со времето за настап на Европското првенство, уште една ѕвезда од овој тим ја дели таа судбина. 

Лука Карабатиќ на натпреварот со Барса во Лигата на шампионите го дислоцираше средниот прст на десната рака. Притоа настрада и тетива, па ќе мора да паузира шест недели. 

Шест недели значи дека Лука Карабатиќ можеби не цело ЕП, но пропушта комплетни подготовки и добар дел од првенството. со шест недели пауза, тој би се вратил во тимот на Франција за втората фаза од шампионатот. Под услов, се да тече во најдобар ред. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk