ПРВА ЛИГА 1: Астраион запрен во Неготино

ВАРДАР НЕГОТИНО - АСТРАИОН  28-27 (14-14)
Ташев 10, Вељанов 5 - Наков 5, Караиванов 5

Струмички Астраион го доживеа првиот пораз во годинешното првенство и со тоа веќе нема непоразени во Прва Лига 1 група. 
Вардар Неготино предводен од 10-кратниот стрелец Ѓорѓи Ташев ги запре струмичани. Цел меч се водеше израмнета битка во која во еден период водеше Вардар, во друг Астраион. Во финишот неготинскиот тим поведе со 26-23, но веднаш следеше и израмнување 26-28, по што одновно домашните постигнаа два гола со кои ја обезбедија победата. 

МАКЕДОНИЈА Ѓ. ПЕТРОВ - ТЕКСТИЛЕЦ   32-28 (15-12)
Димовски 9, Митревски 6, Стефаноски 5 - Гогов 11, Трајков 4, Јовановски 4

Текстилец поведе 4-0 на стартот на натпреварот, но за среќа на домашните не го задржа ритамот, туку веднаш заглави и Македонија израмни на 4-4 и потоа се водеше израмнета битка до крајот на средбата. На почетокот на вториот дел домашните поведоа со 16-12, но брзо се врати во игра Текстилец и во финишот израмни на 23-24. 
Потоа Македонија Ѓ. П. со серија од 4-0 стигна до 27-23 и го реши победникот. 


ПРИЛЕП - АЛУШОВСКИ    31-28 (16-14)
Јанески 9, Пајкоски 6, Попов 6 - Атанасиевиќ 7, Петровски 5

Резултатски израмнет меч од прв до последен момент одиграа екипите на Прилеп и Алушовски. Домашните беа во улога на фаворити, но движењето на резултатот покажува дека немало фаворит, а Алушовски бил блиску барем до бод. 
Во финишот домашните стигнаа до плус три 26-23, 28-25, па гостите не успеаја да се доближат на опасна дистанца. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk