ПРВА ЛИГА 2: Тиквеш без пораз, Аеродром го освои Велес...

9. КОЛО
ПРЕСПА - ТИКВЕШ    21-36 (10-17)
Георгиевски 5, Шабединовски 5 - Минов 9, Јанчев 8

Без проблеми, откако поведоа со 5-2 и 10-5, ракометарите на Тиквеш, сега веќе единствената непоразена прволигашка екипа стигнаа до деветиот триумф. 
Преспа не беше ривал што може да ги запре кавадарчани кои веќе се промовирани како најсериозен кандидат за влез во Супер лигата.  Минов и Јанчев постигнаа заедно 17 гола, дебитираше и засилувањето од Металург, Дарко Кондев кој беше стрелец на три гола на овој меч. 
Кавадарчани се сериозни кандидати за Супер лига, со тоа што останува да почекаме да видиме како ќе изгледа сето тоа влегување во Супер лига и испаѓање од Супер лига, со оглед на тоа дека се најавени промени. 
 
КЛ7 - ЈЕХОНА  38-27 (22-12)
Димовски 9, Гучевски 7, Стојков 7 - Салиу 8, Бошковски 6

КЛ7 останува да го следи во чекор тимот на Тиквеш. Во деветтото коло ја совладаа Јехона, екипа што знае во одредени моменти да биде незгоден противник. 
Сега не беше таков случај, уште по првото полувреме КЛ7 имаше предност од 10 гола, потоа не им беше проблем да ја задржат и да запишат бодови. 

БОРЕЦ - АЕРОДРОМ    25-29 (11-15)
Стојанов 10, Димов 4 - Лефковски 9, Спасовски 7, Танев 6

Можеби на Борец, Аеродром му изгледаше како противник против кого можат и до победа, но брзо беа разоружани во својата сала. 
Поведоа до 2-0 и 3-1 ракометарите на Борец и тоа бепе најдоброто резултатски од нив на оваа средба. Гостите израмнија на 3-3, а со серијата што траеше 6-0 стигнаа и до 7-3, по што прашањето на победник беше одговорено.
Меѓу четири и седум разлика се движеше предноста на гостите во текот на целиот меч. Стојанов со 10 гола се обидуваше да го врати Борец во игра, но Лефковски со девет го неутрализираше неговото остварување, а Аеродром имаше и други порасположени играчи од домашните. 


ПАРТИЗАН - МЛАДОСТ   18-27 (8-13)
Лисичков 7, Узунчев 3, Вегов 3, Маринчев 3 - М. Стоилов 9, Роглев 4, Павиќ 4

Гевгеличани го загубија дуелот со искусните играчи на Младост во локалното дерби на југот. Израмнето беше во првиот дел од полувремето, а потоа Мите Стоилов го одведе својот тим до предност што на полувреме изнесуваше пет гола, а потоа продолжи да се зголемува.
Младост остана на трето место зад Тиквеш и КЛ7, а пред Аеродром. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk